24/04/2024
Македонија

Во дворот пронашол артилериска граната

На 12.03.2018 година во Полициската станица Кичево, Г.Н.(57) пријавил дека при чистење на дворот од сопствената куќа пронашол една артилериска граната калибар – 110 мм од Првата светска војна.

Од страна на припадници на Дирекцијата за заштита и спасување пронајдената експлозивна направа била подигната за понатамошна постапка.