Во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга отслужена литургија за Митровден

Денес, кога го прославуваме споменот на св. вмч. Димитриј Солунски, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија. Со  литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Васко Голабоски, свештеникот Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски.

По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа.

This slideshow requires JavaScript.