23/04/2024
Македонија

Во Куманово гостува изложбата „Велес низ стари фотографии“

Во изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Велес низ стари фотографии“…

На изложбата ќе бидат прикажани 150-ина фотографии. кои претставуваат приказ на развојот на Велес низ призмата на староградската архитектура, историјата и етнологијата.

Изложените фотографии опфаќаат период од сто години, а најстарата фотографија датира од 1863 година и претставува приказ на панорамски поглед на Велес.

Оваа колекција на фотографии беше претставена и пред публиката во Скопје, Кочани, Велес, но и во Врање, Шибеник, Кључ и на други места. Автори на изложбата се Павлина Василева (пензиониран кустос) и Марин Клифов, виш кустос-историчар во Локалната установа Народен музеј на градот Велес.

Изложбата е во организација на Центарот за култура во Куманово и на Народниот музеј од Велес.