16/04/2024
Охрид

Во манастирот Св.Петка во Велгошти отслужена литургија за празникот Петковден

Денес кога го прославуваме споменот на преподобната мајка Параскева – света Петка, во манастирот „Св. Петка“ во Велгошти, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија. Со литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Никола Кипријанов и Сашо Целески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.

По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа.