19/04/2024
Охрид

Во недела ќе се осветува камен темелникот на храмот Воведение на Пресвета Богородица во Рача

Во недела, на 29.07.2018 година, во 10:45 часот ќе се изврши осветување на камен темелникот на храмот Воведение на Пресвета Богородица Пречиста, населба Рача.

Чинот на осветувањето на камен темелникот ќе го изврши Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. На осветувањето најавено е присуство на градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски.

Се покануваат сите жители во недела да присуствуваат на свеченоста по повод осветување на камен темелникот на црквата Воведение на Пресвета Богородица Пречиста, населба Рача.

WebOhrid