28/03/2024
Дебрца

Во недела свечено ќе биде отворено јубилејното 35-то издание од Интернационалната Ликовна Колонија „Дебрца“ 2019

На 30ти јуни (недела), со почеток во 20 часот, во галериските простории на Колонијата со седиште  во с.Белчишта, Дебрца, свечено ќе биде отворено јубилејното 35-то издание од Интернационалната Ликовната Колонија „Дебрца“ 2019.

Интернационалната Уметничка колонија “Дебрца” – Белчишта, преставува најмасовна културна манифестација во општината Дебрца. Активно постои 35 години. Редовно се одржува во летниот период јуни/јули. На колонијата учествуваат 12 – 15 учесници кои творат исклучиво на територијата на Дебрца. На колонијата досега учествувале преку 200 уметници, од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Грција, Полска, САД, Канада, Герамнија, Малезија, Русија, Узбекистан, Украина, Кипар, Монголија и други земји. Создадени се преку 500 уметнички дела кои се изложени во Музејот на уметноста во општината Дебрца. Организирани се 115 изложби во Република Македонија, и Албанија со изготвени современи каталози. Колонијата соработува со повеќе колонии од Македонија и другите земји, како и Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Големиот интерес за учесници од целиот свет најдобро зборува за реномето кое го има колонијата, како и посетеноста на изложбите.

Оваа година во седумдневниот период ќе творат следните уметници:

Миро Крстески МАКЕДОНИЈА
Ставре Димитров -Стадим МАКЕДОНИЈА
Натали Николоска МАКЕДОНИЈА
Васко Ташкоски МАКЕДОНИЈА
Ѓорѓи Андонов – Жоро БУГАРИЈА
Литов Намдаг Јанчивин МОНГОЛИЈА
Јордан Манасиески МАКЕДОНИЈА
Ѓоко Целески МАКЕДОНИЈА
Методија Ѓорѓиески МАКЕДОНИЈА
Коста Андрејевиќ СРБИЈА
Мирослав Круниќ СРБИЈА
Нада Грбиќ СРБИЈА
Верица Чупиќ СРБИЈА
Јованка Беквалац СРБИЈА

Во рамките на отварањето, предвидено е доделување на признанија за сите досегашни соработници на колонијата кои дале свој допринос во формирањето, нејзиното претставување и афирмација во земјата и странство.