16/04/2024
Македонија

Во Охрид, Дебар и Гевгелија се трите најнетранспарентни судови во Македонија (инфографик)

Основните судови Охрид, Дебар и Гевгелија се судовите кои најмалку ги исполниле показателите за пристапност, совесност, интегритет и транспарентност. Ова го покажува истражувањето на ACTION SEE,со кое беше измерено нивото на отвореност на институциите во текот на 2016/17/18 година,  а се заснова на горенаведените индикатори.

Во 2016 година, најзатворен, односно најнетранспарентен суд бил Охридскиот, кој исполнил само 24,78% од индикаторите.

Во 2017 година, Дебарскиот суд го следи примерот на Охрид, односно исполнил само 25,61% од индикаторите.

Додека, во 2018 година првото место за нетранспарентност го зазеде Гевгелискиот суд, кој исполнил 31,82%.

ACTION SEE, трета година по ред, препорачува итна акција за подобрување на отворањето на судските институции, а откако ќе го достигнат основното ниво на отвореност, според нив, неопходно е да се зголемат барањата во согласност со стандардите за отвореност. Судовите на Северна Македонија имаа слични резултати во текот на 2016 и 2017 година.

Инаку, судските реформи се главниот услов на Европската Унија за започнување на преговори со Северна Македонија.

Судството во земјата беше и продолжува да биде мета на критики и од домашниот и од меѓународниот фактор поради неуспехот во спроведувањето на реформите, односно местење на предмети, пристрасност, политичко влијание, двојни стандарди, неефикасност и нетранспарентност. Граѓаните се разочарани како резултат на тоа што сите поранешни функционери на поранешната влада кои беа осомничени за сериозни кривични дела, се на слобода.

извор: мета.мк