Во Охрид ќе се одбележи Денот на светскиот мир

Во организација на Општинската организација на СБ од НОАВМ 1941-1945 и грѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и Локалната самоуправа на општина Охрид, на 20. Септември 2019 година  (петок) ќе се одржи традиционалниот  Марш на мирот под мотото  “Глобалната климатска опасност е закана за сигурноста и стабилноста”. Со Резолуција на Генералното собрание на ООН од 2001 година, 21 Септември е прогласен за ДЕН НА СВЕТСКИОТ МИР. Резолуцијата ги обврзува сите земји и држави членки на ООН, редовно и секоја година, Денот на мирот да се одбележува со соодветни програми.

Собирно место на учесниците во Мировниот марш ќе биде од кругот на старата дирекција на “Гранит”, во 11:00 часот. Маршот ќе се одвива по  ул. „Македонија“ до плоштадот, пред споменикот „Св.Климент Охридски“.