28/03/2024
Охрид

Во Охрид ќе се одржи Конференција за заштита на македонското малцинство во Хрватска и хрватското малцинство во Македонија

Согласно спогодбата за заштита на македонското малцинство во Република Хрватска и хрватското малцинство во Република Македонија, Агенцијата за иселеништво на Република Македонија ќе одржи Конференција на 19, 20 и 21 Октомври 2018 година во Охрид.

На конференцијата ќе се разговара за промоција на туризмот во Република Македонија, можности и начин за заедничко аплицирање на македонските организации во Република Хрватска и хрватските во Република Македонија кон европските фондови со надеж за поголем обем на средства, како и дијаспората и економскиот развој.

Свои обраќања и презентации по темите ќе имаат претставниците од соодветните институции, а во делот на слободните дискусии, како и за присуство на Конференцијата можат да се пријават сите заинтересирани организации и граѓани кои се со хрватско потекло и работење во Република Македонија, како и сите организации и граѓани кои се со македонско потекло и работење во Република Хрватска на следната електронска адреса info@minisel.gov.mk или на следниот број + 389 (02) 3118 633. Сместувањето е на трошок на Агенцијата, а трошоците за пат ќе се во организација на самите учесници.