20/04/2024
ОхридСпорт

Во Охрид ќе се одржи турнир во баскет„3 x 3“

ЈП Билјанини Извори – Охрид, по повод чествувањето на 7 – ми Ноември, како ден на ослободувањето на град Охрид, од оваа година започнува една нова традиција, организирање на турнир во баскет “ 3 x 3 “.

Турнирот ќе биде одлична можност за сите вљубеници во најпопуларниот спорт на планетата со повеќе од 250 милиони играчи ширум светот, да им даде можнос на сите „ баскетволџии“ од Охрид, Струга и пошироко, да покажат што научиле од илјадниците партии баскет.

Сите заинтересирани треба да состават своја екипа 3+1 ( играч ) да пополнат апликација за учество и да уплатат котизација во висина од 3000 денари по екипа, на жиро с-ка 530000200889310 Охридска Банка АД Охрид.

Екипата која учествува на овој турнир, ние како претпријатие и овозможуваме поставување на бесплатна реклама ( името на спонзорот под кое настапувате ), – банер 3м. x 2м. во Спортската сала за време на одигрувањето на овој турнир.

Турнирот во баскет “ 3 x 3 “ ќе се игра во Октомври, секој викенд ( сабота и недела), а финалето е предвидено за 7 – ми Ноември.

Натпреварите ќе започнуваат во 19.00 часот. Ќе се игра во систем по групи, а потоа ќе следи вкрстување и нокаут рунда. Учесниците на турнирот ќе бидат потврдени во наредните денови.

Пријавувањето на екипите и подигнувањето на апликација може да се врши на нашата официјална страна biljaniniizvori.mk или facebook : ЈП Билјанини Извори – Охрид од 18.09 – 28.09.2018 година.

За најуспешните три екипи обезбедени се вредни парични награди од страна на главниот покровител на настанот Општина Охрид, организаторот на турнирот ЈП Билјанини Извори и собраните с-ва од котизација.