28/03/2024
Охрид

Во Охрид ќе се реализира Проектот „Форум на наставници од дијаспората“

Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија како самостоен орган на Владата ги врши работите и задачите кои се однесуваат на положбата и правата на иселениците, помагање на нивниот културен развој и унапредувањето на врските со нив и нивните организации, за таа цел Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија во период од 19.07.2019 година до 21.07.2019 година во Конгресниот центар во Охрид ќе го реализира проектот Форум на наставници од дијаспората 2019 година. Собирот на наставници кои ја држат наставата во иселеништво е поради размена искуства, презентирање на состојбите, истакнување на проблемите пред соодветните институции, како и следење на обука за современи техники и пристапи во образованието.

Во низата на проекти кои имаат за цел, приближување до иселениците од Република Северна Македонија, оствaрување на нивните слободи и права во матичната земја, како и промоција на македонската историја, традиција, јазик и култура пред присутните, е и реализацијата на проектот Летна школа за изучување на мајчин јазик за децата на иселениците, од 20.07.2019 година до 26.07.2019, за прв пат оваа година на Летната школа 2019 година, ќе учествуваат деца и младинци со оштетен вид, кои по тридневниот престој и реализација на предвидените активности во Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид Димитар Влахов -Скопје, децата и младинците со оштетен вид, ќе се приклучат на Летната школа 2019 година во Охрид. Учесниците се од Република Хрватска, Република Србија, Кралство Шведска, СР Германија, Република Австрија.

Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија и во иднина ќе се залага за промоција на македонската историја, традиција, култура и јазик и ќе даде поддршка на сите исeленици и иселенички организации кои се залагаат за промоција на земјата, воедно Агенцијата и во иднина ќе продолжи со реализацијата на проектите кои се во интерес на сите иселеници.