18/04/2024
Охрид

Во Охрид одбележан празникот Свети Сава

Припадниците на заедницата на Србите во Охрид, по 12-ти пат, го одбележаа 27 јануари – Денот на својот светец – заштитник, Свети Сава.

И овој пат, организатор беше Здружението „Коштана“, од каде нагласија дека празникот се одбележувал наназад со генерации, уште кога првите генерации на државјани на Република Србија дошле да живеат во Охрид и Република Македонија, но организирано одбележување на празникот, досега се слави девет години по ред.

Од здружението, им ја честитаа славата Свети Сава на сите припадници на православната вероисповед и припадници на српската заедница.

Свети Сава е една од најшироко распространетите слави во Србија, па така на припадниците на српската заедница во Охрид им е и куќна слава, велат од српско-македонското друштво во Охрид.

Во Охрид веќе подолг период функционира Здружението „Коштана“ кое брои над 300 членови, кои секоја година организираат посебна прослава. Во Охрид живеат околу 500 припадници на Српската заедница, а прославата секоја година е во духот на самиот празник.

Српската заедница во Република Македонија има и посебно здружение на граѓани, регистрирано во 1991 година во Скопје. Целта на ова здружение е зачувување на идентитетот, културата и јазикот на Србите во Република Македонија и одбележување на значајни датуми од историјата на Србите.

На прославата беа присутни бројни јавни личности, меѓу кои и потпретседателот на Владата и министер за внатрешни работи на Република Македонија Оливер Спасовски, в.д градоначалник на Охрид Константин Георгиески, претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелеска, секретарот Игор Бежоски, свештени лица на МПЦ – ОА и други личности.

Вршителот на должност градоначалник на Охрид, д-р Константин Георгиески, по повод празникот Свети Сава, упати честитка до припадниците на српската заедница.

„Во името на сите жители на општина Охрид и во мое лично име Ви упатувам искрени честитки и посакувам овој празник да го поминете во мир, семејна среќа, благосостојба и добра мисла. Денот на првиот српски архиепископ, е можност да потенцираме дека српската заедница како нераскинлив дел од градот заедно со другите заедници активно придонесува кон соживотот во нашето општество. Свети Сава со своето дело оставил значајна трага во развојот и растот на српската заедница која со особено почитување и внимание го празнува овој ден. Тој со својата просветителска дејност, остави трајни вредности кои ги надминуваат сите етнички рамки, служејќи како пример за сите заедници кои живеат на овие простори. Нека неговото дело и вредностите, и понатаму бидат духовна и културна крепост и поттик за Ваш придонес кон градењето на подобра општина Охрид,“ – стои во честитката.

Српската заедница во Република Македонија има и посебно здружение на граѓани, регистрирано во 1991 година во Скопје. Целта на ова здружение е зачувување на идентитетот, културата и јазикот на Србите во Република Македонија и одбележување на значајни датуми од историјата на Србите.

Свети Сава е голем светец, значаен за Србите. Тој бил прв просветител во Србија, изградил прва црква и основал прва Архиепископија во Србија. Изградил многу цркви, училишта, манастири, бил многу благороден, праведен и силен свештеник. За празникот се принесува колач, пченица и сè друго што приготвуваат домаќинките.

Веле Митаноски