29/03/2024
Охрид

Во Охрид промовирана книгата „Константин С. Шахов – Книжевност“ од д-р Томе Груевски

Во Охрид промовирана книгата „Константин С. Шахов – Книжевност“ од д-р Томе Груевски

Охриганецот Шахов основоположник на македонската публицистика

Денеска во Охрид, во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“, беше промовирана книгата „Костантин С. Шахов Книжевност“ од д-р Томе Груевски, професор по комуникологија на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

За најновата, триесетта по ред книга на авторот, како и за творештвото на  охриѓанецот Шахов, зборуваа, м-р Милчо Јованоски и новинарот, ликовен уметник и поранешен прв главен и одговорен уредник на д-р Груевски, Светомир Стефановски. 

Милчо Јовановски, потсети на првата книга за Константин (Коста) Шахов од д-р Груевски, со која се одбележа стоипедесетипет годишнина од раѓањето, додека лани, на 15 август,со промоцијата на студијата „Коста С. Шахов – Публицистика’ беше одбележана и стогодишнина од смртта на Шахов – човекот кој се смета за основоположник на македонската журналистика.

За разлика од првата книга за охриганецот Коста нтин Шахов, која ја промовиравме, исто така, во Охрид, која, главно се задржува на неговата публицистичка и новинарска дејност, втората книга што ја промовираме денес, содржи поголем број раскази и други литературни содржини, со преглед на книжевното творештво, а мегу нив е и расказот Зугра со асоцијацијата на популарната пиеса Македонска крвававa свадба,“ – рече Јованоски

Светомир Стефановски. за новинарот, универзитетски професор пои комуникологија, новинарство и односи со јавноста, д-р Груевски, рече дека е основоположник на студиите по односи со јавноста во Република Македонија.

„Уште од средношколските години се занимаваше со новинарство, во времето на студиите беше соработник, уредник и главен и одговорен уредник на весникот Студентски збор, а подоцна и директор.Беше главен и одговрен уредник на часописот Дијалог. Носител е на признанијата за новинарство: Мито Хаџивасилев-Јасмин, Новинарско перо на ЗНМ, награда 4.Ноември на град Битола и други.Според неговата книга Системот на јавното информирање во Македонија, концепиран е современиот македонски комуникациски систем.“ – потенцираше Стефаноски.

Со овој труд е одбележана 130 годишнината од излегувањето на весникот „Македонија“ што се појавил во градот Русе во 1888 година. Шахов е  основоположник на македонската публицистика.

Со промоцијата на книгата на д-р Груевски, денеска беше означен и почеток на  проектот: „Кога книгата и музиката другаруваат“ на  НУ Библиотека Григор Прличев“ и Основното музичко училште „Методи Патче“ од Охрид.

На сите промоции во Библиотеката  од октомври 2018 до јуни 2019 ученици од ОМУ ќе настапуваат со една до две точки а библиотеката ќе им подарува книга. На тој начин ќе се популаризираат книгите, музиката и младите изведувачи. 

Груевски на директорката на Библиотеката Змејкоска, и ги врачи двете цедиња со снимени документи за животот и делото на Шахов, додека таа му врачи сертификат за почесен член на Библиотеката.

Со овој труд ќе биде одбележана 130 годишнината од излегувањето на весникот „Македонија“ што се појавил во градот Русе во 1888 година. Шахов е  основоположник на македонската публицистика.

Веле Митаноски