18/04/2024
Охрид

Во Охрид се одбележа Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА

Под мотото „ROCK THE RIBBON TOGETHER“ Црвен крст Охрид, Центар за јавно здравје Охрид и Опција Охрид го одбележаа 1 декември, Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА. Волонтерите и вработените во овие организации на бројните посетителите на штандот, на околните кафулиња, на минувачите им делеа едукативен материјал, им ставаа црвени панделки на реверите како универзален симбол за постоењето СИДА-та како болест и како поддршка за оние кои живеат со болеста, ги едуцираа со корисни совети за начинот на превенција и заштита од ХИВ/СИДА, делеа кондоми, а во амбулантното возило на Црвен крст Охрид се вршеа бесплатни и доверливи тестирања на присуство на ХИВ вирусот во крвта.

Активностите продолжуваат и во текот на Неделата на борба против СИДА од 1-7 декември 2019 со реализација на интерактивни едукативни работилници за младите, обука на врсничи едукатори за ХИВ/СИДА и тестирање за ХИВ статусот кај младата популација.

И оваа година активностите се поддржани од организацијата Canadian for Children at Health Risk од Канада.

Овој настан беше и можност хуманите луѓе да донираат финансиски средства за помош во лекувањето на нашиот сограѓанин Тачо.