20/04/2024
Спорт

Во Охрид се одржа Европскиот куп за мажоретки

Изминатиов викенд во Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид се одржа Европскиот куп за мажоретки генерации ’99 – ’09. 

На Европскиот куп учествуваа повеќе од 600 мажоретки од Молдавија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и секако домаќинот Македонија, кои на задоволство на охридската публика ги покажаа убавините на танцот, танцовите акробации и танцовите кореографии.

Исто така, овој настан имаше и хуманитарен карактер. Организаторот на Европскиот Куп, Алпа Алпина се приклучи во акцијата за поддршка на охриѓанката Сара Настеска која мора да се оперира и лекува во странство. Собраните средства од влезните билети после завршувањето на Европскиот куп им беа врачени на фамилијата Настески.