29/03/2024
Охрид

Во Охрид се одржа форум „Стратешки развој на туризмот и ефектите на државната политика за негова поддршка“

Во просториите на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид денес се одржа форум на тема: Стратешки развој на туризмот и ефектите на државната политика за негова поддршка“.

На Форумот присуствуваа претставници на бизнис заедницата, владини претставници, како и домашни и странски експерти кои ќе ги споделат своите искуства и ќе дадат предлози за развивање на секторот за туризам и угостителство. На крајот на Форумот се зборуваше за усогласеноста на компаниите со законската регулатива во Република Македонија.

Целта на Форумот е да се отвори дискусија за фактичката состојба на секторот за туризам и угостителство во Македонија, како и негово развивање и поддршкa од страна на државата преку креирање на нови туристички производи, услуги и алатки со цел да ја направат Македонија атрактивна туристичка дестинација.

Форумот се организира од страна на Стопанската комора на Македонија во рамките на Проектот на УСАИД: „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, четиригодишен проект финансиран од УСАИД Македонија, имплементиран од „ЕПИ Центар Интернационал“ во соработка со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.