Во Подгорица ќе се одржи конференција на Дримскиот Процес

GEF Дримскиот Проект и ДРИМ Корда процесот продолжуваат со силното инволвирање на засегнатите страни во процесот на управување со басенот на реката Дрим. Оваа заедничка акција е поодршка за работата во изготвувањето на Прекуграничната Дијагностичка анализа и заедничката визија за Басенот.

По 5-ти пат ќе биде организирана Конференција на засегнатите страни во рамките на Дрим Корда процесот за спроведување на Меморандумот за разбирање и во рамките на ГЕФ Дримскиот Проект.

Оваа година Конференцијата ќе има две главни цели:

1.Информирање на засегнатите страни за напредокот во имплементација на Дримскиот Меморандум и планираните активности во рамките на Дримскиот Проект.

Оваа година пред учесниците ќе бидат презентирани изготвените Тематски студии за Басенот (Социоекономија, институционална поставеност, Биодиверзитет , хидрологија и инфо мониторинг систем) кои се основа на Прекуграничната дијагностичка анализа. Ова е прв пат вакви студии да се изготвуваат за Дримскиот Басен.

2.Подигањето на свеста за важните прашања за жителите и екосистемот во Дримскиот Басен

Оваа година главниот фокус ќе биде ставен на планирањето на управувањето со ризиците од поплави, превенција и предупредување.

Преставници на институции од земјите кои го делат Дримскиот Басен, како и други заинтересирани страни. Локални власти, економски сектор, академски сектор , граѓанско општество, донаторски земји и регионални и меѓународни организации се дел од Дримската Конференција.

5тата Годишна Конференцијата ќе се одржи во Подгорица, Црна Гора на 21/22 Ноември 2017 . Во рамките на другите настани и работни средби на 20 Ноември ќе се одрќи работната средба на Експертските Групи на Дримскиот Процес кои ќе ги дискутираат Тематските студии, а на 23/24 Ноември ќе се одржи 14тиот состанок на Дрим Кор Групата на кој покрај одобрување на тематските студии ќе се врши и презентација на Годишниот извептај за работата на Проектот како и Работниот план на Проектот за 2018 година.