19/04/2024
Охрид

Во понеделник основачко собрание на ФК „Охрид“

Во понеделник (06.08.2018), во мала сала на општина Охрид ќе се одржи основачко собрание на ФК „Охрид“.

За таа цел се повикуваат сите заинтересирани лица, спортски работници и поранешни фудбалери да земат учество.

Почетокот на основачкото собрание е закажан за во 19 часот.