Во два посебни случаи, кривична пријава за две лица од Струга и охриѓанец кој нелегално граделе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.Е.(54) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2018/2019 во с.Горна Белица, на недвижен имот во Горна Белица пријавениот, во својство на инвеститор, изградил објект без одобрение за градење.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против И.К.(62) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2019 во с.Мислешево пријавениот, во својство на инвеститор, изградил објект без одобрение за градење.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Р.Ш.(43) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижност“. Во текот на 2019 на ул„Маршал Тито“, на катастарска парцела во Градски Безистен – Струга пријавениот, во својство на инвеститор, без одобрение изградил деловен објект и узурпирал земјиште во државна сопственост.