20/04/2024
Охрид

Во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со аутизам осветлена спомен бистата на Григор Прличев во ОУ „Григор Прличев“

Во очи на одбележување на 2 Април – Меѓународен ден на лицата со аутизам, спомен бистата на Григор Прличев во ОУ „Григор Прличев“ е осветлена сино.
„Со ова даваме силна порака :
Лицата со аутизам кои уште се нарекуваат и ” тивки мудреци ” не се за избегнување. Напротив, тие живеат во свој свет полн со талент и навики кој бара разбирање и силна поддршка од сите нас! Утре, да го обоиме нашето секојдневие во сино!
Благодарност до Проф. д-р Зоран Тунтев со чија помош и ја реализиравме оваа наша идеја.“– информираат од училиштето.