28/03/2024
Спорт

Во сабота ќе се одиграат завршните натпревари од турнирот во Баскет „3х3“

После одигрување на 54 натпревари, 5 кола по групи, четвртфинални натпревари стигнавме и до последниот ден од овогодинешното издание на турнирот во Баскет 3×3. Во сабота (03.11.2018) со почеток од 20:00 часот ќе започне последниот натпреварувачки ден после кој ќе ги дознаеме носителите на првите три места на турнирот.

Полуфиналните натпревари помеѓу Фаворити – Ликвид и НОА – Дента Медика ќе започнат од 20:00 часот после кое ќе следи натпреварот во тројки. Сите екипи учесници на турнирот имаат можност да пријават по еден натпреварувач кој ќе има можност да постане најдобар тројкаш на турнирот и за него организаторот има обезбедено награда.

По завршувањето на натпреварот во тројки прво силите ќе ги одмерат екипите кои ќе се борат за третото место по што ќе следи големото финале на Турнирот во Баскет 3×3.

За најдобрите три баскет тимови ЈП „Билјанини Извори“ има обезбедено парични награди и тоа 12.000 денари за прво, 6.000 денари за второ и 4.000 денари за трето место. Исто така најдобрите ќе бидат наградени и со пехар, медали и благодарници.

ЈП „Билјанини Извори“ ги поканува сите екипи учесници на турнирот, сите љубители на кошарката и спортот, кошаркарски школи, граѓани, да бидат дел од интересните натпревари за првите три места од турнирот во Баскет 3×3.