28/03/2024
Охрид

Во сабота почнува новата сезона на „Импровокација“

Во сабота започнува новата театарска сезона „Импровокација“ 2018/19 на Нарoден Театар Охрид.

Претставата ќе биде со почеток во 21:00 часот, на супер познатата локација – керал сцена.

Картите се по цена од 200 денари, а може да се купат во Музичката продавница Зи Зи Топ, или може да резервирате на телефонскиот број 075 283066 (од 11:00-15:00 часот).

Во претставата играат Филип Кипровски, Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Филип Ангеличин Жура и Никола Јосифоски.