25/04/2024
Охрид

Во сабота започнува четвртата сезона на „Импровокација“

Оваа сабота (7ми април), во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид започнува четвртата сезона на популарната „Импровокација”, која носи нови игри, нови моменти, нова претстава.

Во претставата играат актерите на Народниот Театар од Охрид: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски, потпомогнати од домаќинот на шоуто Филип Ангеличин – Жура.

Картите се во продажба од понеделник во Музичка Продавница Зизи Топ! Цената изнесува 150 денари,  а 200 денари на денот на шоуто.

Исто така, карти може да резервирате и на телефонскиот број 075283066 од 11:00-15:00 часот.