29/03/2024
Македонија

Во Софија промоција на книгата „Гаргара“ од Игор Станојоски во превод на бугарски

Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија вечер од 18:30 часот ќе се одржи промоцијата на книгата „Гаргара“ од македонскиот романсиер Игор Станојоски …

Grgara_1

Книгата, во превод на бугарски јазик, е издание на книгоиздателство „Персеј“. Настанот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

Игор Станојоски е македонски лингвист и романсиер. Роден е во Копенхаген (1979). Дипломирал во Скопје на Катедрата за македонски јазик со општа и компаративна книжевност. Работел на универзитетите во Лавов, Катовице и Брно.

Докторирал во Полска во 2009 година. Од 2014 година е насловен доцент на Филолошкиот факултет на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Автор е на романите Гаргара (2014), Првиот универзитетски ден на мојата ќерка (2016) и Диссомнии (2017).