25/04/2024
Охрид

Во среда во Света Софија ќе биде одиграна претставата „Во Фиока“

Театарската група на Црвен крст Охрид на 27 август 2018 на летната сцена во Бар, Црна Гора имаше успешен настап и изведба на театарската претстава „Во Фиока“, со која беше отворен и овогодинешниот театарски фестивал „Вдиши театар“.

Поради големиот интерес на охриѓани кои не успеаа да ја видат премиерата на оваа претстава во рамки на театарскиот фестивал „Вдиши театар 2018“, младите талентирани актери од театарската група при Црвен крст Охрид на 05.09.2018 (среда) на сцената во предворјето на црквата Св.Софија, со почеток во 20:30 ч. ќе ја прикажат претставата „Во Фиока“ во режија на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованка Сиона Доленц.

Настанот има хуманитарен предзнак, а средствата кои ќе се соберат во собирните каси на Црвен крст Охрид поставени на влезовите ќе се наменат за помош на ранливата категорија на граѓани од Охрид и Дебрца.