19/04/2024
Охрид

Во тек е вакцинирањето против сезонски грип

Вакцинирањето против сезонски грип во Центар за јавно здравје Охрид и подрачните единици во Струга и Дебар е во полн ек. Во првата недела во епидемиолошките амбуланти на Центарот за јавно здравје вакцинирани се повеќе од 1500 лица.

„Со вакцинацијата против сезонски грип продолжуваме од понеделник (12.11.2018), во епидемиолошките амбуланти на Центар за јавно здравје Охрид и ПЕ во Струга и Дебар секој работен ден од 8-14 ч. На располагање ќе бидат високо квалитетни, четиривалентни вакцини против сезонски грип и тоа комерцијални, по цена од 650 денари за потребната доза и бесплатни за лица кои ги исполнуваат двата услови на Министерството за здравство: да се постари од 65 години и примаат пензија не повисока од 14.480 денари или кои воопшто не примаат пензија, Овие лица е потребно преку својот матичен лекар да го закажат вакцинирањето на Мој термин, за што ќе добијат соодветен упат од матичниот лекар, кој, заедно со талонче (чек) од пензија од претходниот месец, ќе го достават во Центар за јавно здравје во закажаниот термин за вакцинирање.“ – вели Сашо Точков, директор на Центарот за јавно здравје Охрид.

И оваа година Центар за јавно здравје Охрид ја нуди можноста за вакцинирање против сезонски грип во домашни услови на лица постари од 65 години и на лица со одреден хендикеп, телесен инвалидитет кои не можат да дојдат во амбулантите на Центар за јавно здравје Охрид. Истите потребните информации можат да ги добијат на тлефоните 046 231-030 и 078 488-255.