29/03/2024
Спорт

Во тек се подготовките за изградба на новата трибина на Градскиот стадион „Билјанини Извори“

ЈП „Билјанини Извори“ ја известува јавноста посебно граѓаните кои ги користат нивните услуги дека во тек се подготвителните активности за старт на изградбата на новата трибина на Градскиот стадион „Билјанини Извори“.

Трибината согласно договорот и согласно проектот усвоен од ФФМ ќе се гради од спротивната страна на сегашната монтажна трибина на место каде досега се наоѓаа отворените асфалтни кошаркарски терени.

„Поради новонастанатата ситуација ги известуваме и им сугерираме на сите кошаркарски вљубеници кои до сега ги користеа споменатите терени да имаат разбирање и понатамошните кошаркарски активности да ги продолжат на мултифункционалното игралиште во непосредна близина.

Дополнително ги известуваме сите активни корисници на нашите услуги на отворените терени посебно детските фудбалски школи да внимаваат на движењето за време на извршувањето на градежните активности поврзани си изградбата на новата трибина.“ – известуваат од ЈП „Билјанини Извори“.

Трибината ќе биде изградена по највисоки светски стандарди со капацитет од 1480 седишта. Реализацијата на проектот е во соработка помеѓу Општина Охрид и Фудбалската федерација на Македонија.