Водата од изворот Билјанини извори е микробиолошки неисправна и не е безбедна за пиење

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид информираат дека наодите од последната физичко-хемиска и микробиолошка анализа на водата од изворот-Билјанини извори покажуваат дека водата содржи патогени бактерии и согласно Правилникот за безбедност на вода, водата е микробиолошки неисправна и не е здравствено безбедна за пиење.