Воени авиони ќе го надлетуваат југот на Србија, обука или… ?!?

Како што соопштуваат од Министерството за одбрана на Србија, од денес (06.08.2018) па се до 10 август, подрачјето на Ниш и југот на Србија ќе биде надлетувано од воени авиони. Од Министерството истакнуваат дека станува збор за редовни обуки, но некои српски медиуми не велат така…

Имено, според одредени медиуми, поради можни тензии со Косово, Српската војска ја подигна борбената готовност на целата територија на Србија. Одржана била седница на Советот за национална безбедност на која се донесени мерки и одлуки како Србија би била подготвена за сите предизвици. Претседателот Александар Вучиќ истакна дека Србија ќе даде се од себе за да го зачува мирот.

WebOhrid