23/04/2024
Охрид

Волонтерите на Црвен крст Охрид ќе им помагаат на повозрасните жители

Во овие зимски снежни денови ако сте на возраст над 60 години и живеете во Охрид, волонтерите на Црвен крст Охрид ќе Ви помогнат доколку имате потреба да одите на лекар, во аптека, продавница и сл.

За тоа, сите оние на кои им е потребна помош може да се јават во Црвен крст Охрид на телефон 070 315 309 каде ќе можат да дадат податоци за видот на потребата и адресата на живеење.