29/03/2024
Охрид

Волонтерите од Црвен крст ќе продаваат новогодишни креации на Градскиот плоштад

Традиционално и оваа година волонтерите на Црвен крст Охрид од сите возрасти, изработија голем број новогодишни украси и сувенири кои во рамки на бројни хуманитарни продажни акции пред и за време на Новогодишните празници ќе бидат достапни на нашите сограѓани.

„Започнуваме на 22.12.2018 г. (сабота) на Градскиот плоштад Св.Климент Охридски каде од 12:00 ч. волонтерите на Црвен крст Охрид од Клубот на млади и од Програмата на грижа за стари лица ќе ги продаваат прекрасните новогодишни уникатни, рачно изработени креации.“ – велат од Црвениот крст – Охрид.

Средставата собрани од хуманитарната продажна акција ќе бидат наменети за купување на Новогодишни пакетчиња за децата од социјално загрозените семејства.

Декември е месец на дарување. Бидете хумани и дарувајте.

Купете новогодишен украс, а не петарди!!!