18/04/2024
Охрид

Волонтерите од Црвен крст Суботица настапија на вториот ден од „Вдиши театар“

Блескав сценски настап на театарската група на волонтерите на Црвен крст Суботица, Србија на вториот ден од Младинскиот аматерски театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“. Тие вчера, на сцената во предворјето на црквата Св.Софија ја изведоа претставата „СОБИРЕН ЦЕНТАР“ од Душан Ковачевиќ во режија на Бранислав Трифковиќ преку која на сликовит начин ги прикажаа случувањата на ликовите во претставата на овој и „оној“ свет.

Третиот ден од театарскиот фестивал е резервиран за претставата „Црвена сфера на плава лагуна“ на театарската група од Црвен крст Бар и претставата „Аферите на Џон“ на театарската група на Црвен крст Битола кои вечерва во 19 и 21 часот ќе бидат изведени на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охрид.