Волонтерите од охридските средни училишта и годинава ќе бидат двигатели на „Ohrid running weekend

Волонтерите од охридските средни училишта и оваа година ќе бидат двигатели на „Ohrid running weekend“ кој ќе се одржи на 31 мај, 1 и 2 јуни во Охрид. Над стоттина волонтери од охридската Гимназија беа дел од првиот состанок, а бројот дополнително ќе се зголеми со ученици од останатите средни училишта.

„Го одржавме првиот состанок со волонтерите од охридската Гимназија и ги запознавме со програмата и обврските кои ќе ги имаат пред и за време на целиот викенд. Вкупниот број на волонтери ќе го пополниме со членови од останатите средни училишта и лица кои не се во образовниот процес. Успешноста на еден настан многу зависи од ангажманот на волонтерите затоа ние ќе ги вклучиме во сите наши активности. Ќе одржиме уште неколку состаноци низ кои ќе ги рапсределиме обврските и максимално ќе бидеме подготвени за настанот кој од година во година ги поместува границите во охридскиот спорт.“ – изјави професорот по физичко образование и култура, Наум Јамандиев.

Настанот расте од година во година, а Охрид трчаТ од спортски настан успеа да стене охридски бренд во нашата земја и надвор од неа.

„Импресионирана бев од настанот минатата година кој го следев заедно со моите другарки. Посакав оваа година да бидам дел од тимот на волонтери и се пријавивме сите заедно. Подготвена сум јас и моите другарки како волонтери да одговориме за обврските и задачите кои ќе ни бидат дадени од организаторите.“ – рече една од пријавените волонтери.

Пријавувањето за учеството на викендот исполнет со трчање и многу забава во Охрид трае до 26 мај, а може да се направи на официјалната страна ohridtrcat.mk

This slideshow requires JavaScript.