29/03/2024
Охрид

Возач и малолетно девојче повредени во сообраќајна незгода на патот Охрид-Ресен

На 25.06.2019 година во 20:15 часот на крстосницата на магистралниот пат Охрид – Ресен со локалниот пат за селото Куратица се случи сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Сеат Леон“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(23) од Битола и патничко возило „Рено Клио“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(22) од Охрид.

Вo незгодата со тешки телесни повреди се здоби Г.К. и малолетно девојче, сопатник во возилото „Рено Клио“. Тие беа пренесени во општата болница, а подоцна и во болницата „Св.Еразмо“, каде им беше укажана лекарска помош.

Увид на местото изврши екипа од СВР Охрид.