20/04/2024
Струга

Возач на скутер повредил пливач и избегал

Полициската станица од Струга, презема мерки за пронаоѓање на лице кое вчера во 16 часот и 40 минути, управувајќи скутер во водите на Охридското Езеро кај населбата „Езерски лозја“, го повредило лицето Р.Д. (50) од струшкото село Ливада.

Според пријавата, сега повредениот пливал на оддалеченост од околу 500 метри оддалеченост од брегот кај населбата „Езерски лозја“ кога бил удрен од скутер, по што возачот на скутерот веднаш заминал и не му пружил помош на повредениот. Истиот, од друго лице бил пренесен во Општата болница во Струга.