18/04/2024
Охрид

Возачи „колекционери“ на налепници

Налепниците кои возачите ги добиваа при регистрација се укинуваат. Многу наши сограѓани направија своја колекција од налепници на предното автомобилско стакло (шофершајбна) на нивните возила, а од друга страна пак, многумина воопшто не ги ни лепеа и покрај тоа што овие налепници требаше задолжително да се залепат веднаш по регистрацијата на возилото.

Многуте налепници може да посметаат при возење, бидејќи се намалува видното поле на возачите низ шофершајбната. Затоа, пожелно беше старата налепница да се отстрани пред да се залепи новата.

Со новите измени во Законот за возила се воведуваат нови еколошки налепници, со што овие наши сограѓани „колекционери“, за брзо време кон нивната колекција ќе можат да додадат и уште една нова налепница.

WebOhrid