16/04/2024
Струга

Возило излета од коловоз кај Франгово, повредени се две лица

На 14.07.2019 околу 15.50 часот на магистралниот пат Ќафасан-с.Подмоље, струшко, на место викано „Пескавица“ во близина на с.Франгово, М.Д.(35) од Скопје, управувајќи патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, излетал од коловозот.

Во незгодата, возачот М.Д. и сопатничката Ј.Ќ.(27) од с.Умин дол, кумановско, се здобиле со повреди.

Увид извршила екипа од Полициската станица Струга.