19/04/2024
Струга

Возило излета од коловоз на кружниот тек на влез во Струга

На 21.11.2019 во 22.55 часот на кружниот тек на влез во Струга, патничко моторно возило „мерцедес“, со охридски регистарски ознаки, управувано од К.А.(44) од Охрид, излетало од коловозот.
Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“- Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Струга.