24/04/2024
Охрид

Возило излета од патот Охрид-Кичево

На 31.08.2019 во 21.00 часот било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Кичево, кај Копачка, С.Р.(59) од Тетово управувајќи патничко моторно возило „пасат“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот, а со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.А.(62), по што биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.