29/03/2024
Струга

Возило излета од патот во струшко Драслајца, петмина повредени

На 04.07.2019 година околу 04.00 часот во струшкото село Драслајца, Д.Н.(25) од Струга, управувајќи патничко возило „БМВ“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците И.С.(20) од село Драслајца и К.М.(25) од селото Мислешево. Тие биле пренесени во болницата во Струга. Додека, со телесни повреди се здобиле возачот Д.Н.(25) и сопатниците А.К.(18) и К.К.(19), двете од селото Мороишта. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.