19/04/2024
Охрид

Возило се запали и излета од патот Охрид-Св.Наум, возачот тешко повреден

На 17.11.2018 година околу 22:30 часот на регионалниот пат Охрид – Свети Наум додека Ц.К.(33) од Охрид управувал патничко моторно возило „Пежо“ со охридски регистарски ознаки, возилото се запалило во движење, Ц.К. изгубил контрола над него и излетал од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди (изгореници) се здобил возачот, кој е пренесен во Општа болница Охрид. Извршен увид на местото на настанот.