20/04/2024
Македонија

Возило удри во три лица на ул. „Србија“ во Скопје

На 17.09.2018 година околу 20:05 часот во Секторот за внатрешни Скопје било пријавено дека на булевар „Србија“ товарно моторно возило „Пежо Партнер“ со велешки регистерски ознаки управувано од П.Т.(40) од Велес удрилo во пешаците В.Т.(61) и тригодишно девојче од Скопје.
Во незгодата пешаците се здобиле со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Во 22:45 часот В.Т. им подлегнала на повредите. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.