19/04/2024
Охрид

Вработен во ЕВН „Кец“ Охрид паднал од електричен столб и тешко се повредил

На 10.07.2020 во 11.00 часот во СВР Охрид, Џ.Д.(54) од Охрид, вработен во ЕВН „Кец“ Охрид, пријавил дека во нас.Рача, Б.М.(44) од Охрид, при изведување работни активности, паднал од електричен столб.

Тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ Охрид, за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.