25/04/2024
Охрид

Вработените во Општина Охрид и годинава бараа паричка за Василица

Царе Наумоска,Габриела Милошоска и Гоце Симоноски ги најдоа паричките на заедничкиот појадок што по повод празникот Василица по традиција го имаат вработените во Општина Охрид.

Појадокот беше организиран од минатогодишните кумови, Јасмина Момироска,Никола Прангоски и Кристина Алачова.

Новите кумови посакаа во Новата Година да имаат добро здравје со желба за успех во работата и напредок на општина Охрид.