Време е! Разбуди ја свеста и кажи СТОП за смртта на патиштата

Секторот за внатрешни работи Струмица преку Отсекот за превенција и ПС за безбедност на патниот сообраќај Струмица, во партнерство со Републичкиот совет за безбедност во собраќајот на патиштата и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – Струмица, преку превентивна акциска контрола, го одбележаа Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди.

Во рамки на превентивната контрола на учесниците во сообраќајот им беа поделени флаери под мотото: „Време е! Разбуди ја свеста и кажи СТОП за смртта на патиштата“.