18/04/2024
Македонија

Врнежите од снег продолжуваат и денес

Од УХМР известуваат дека времето денес ќе биде облачно со врнежи од снег, кои околу пладне ќе засилуваат. Повеќе врнежи ќе има во западните и северните делови од земјава, каде снежната покривка дополнително ќе се зголеми за 10 до 20 см, а на планините и за над 20 см.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од -2 до 3 степени.

На крајниот југоисток врнежите ќе бидат мешани од дожд и снег.