19/04/2024
Македонија

Втор Регионален состанок „Подобрување на сервисите и подигање на свеста за борбата против трговијата на луѓе на Балканот“

Вчера и денеска делегација на Министерството за внатрешни работи предводена од државната секретарка , а воедно и национална координаторка на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и миграција м-р Магдалена Несторовска , присуствува на Вториот Регионален состанок организиран во рамките на проектот –,, Подобрување на сервисите и подигање на свеста за борбата против трговијата на луѓе на Балканот, Албанија, Северна Македонија, Црна Гора и Косово’’ што се одржува во Драч, Албанија.

Основна цел на проектот, во кој Република Северна Македонија се вклучи пред една година, е воспоставување на функционални и транснационални механизми за идентификација, заштита и пријавување на жртвите од трговија со луѓе и потенцијалните жртви на трговија со луѓе.

Проектот се реализира со покровителство на Американската амбасада,организациите Terre des homes и La Strada/Отворена Порта.

На конференцијата свое обраќање имаше државната секретарка, како и останатите членови на делегацијата од МВР, кои ја презентираа актуелната состојба околу имплементација на проектот во нашата држава и следните чекори кое ќе се превземат во иднина согласно Акциониот план .