29/03/2024
Охрид

Втора фаза за поставување на фекална канализација во населба Рача

Деновиве се изведуваат работни активности од втората фаза за поставување на нова фекална канализација во населбата Рача.

Се работи за одводна мрежа во должина од 260 метри и соодветни приклучни шахти.

Активностите се дел од Програмата за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води од 2020 година и за оваа намена од буџетот на Општина Охрид беа предвидени 1.300.000 денари.