20/04/2024
Македонија

Втори април е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Р. Македонија

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 2 април 2018 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот.