Второ издание на оффроад авантурата Куратица 2016

Во Куратица годинава по втор пат ќе се одржи оффроад авантурата КУРАТИЦА 2016. Право на учество имаат сите заеинтересирани со џипови велосипеди мотокрос љубителите на пешачењето. Предвиден е стартот од 8 часот пред курајчкото сретсело, преку планината Мазатар, Плаќенска планина, Илинска Црква, селата –Велмеј –Лешани и пристигнување –сместување кај месноста Тина (1400мнв). Од 14 часот е предвидено сместување –логорување. За оваа година е предвидено адреналинско возење на кружна патека, каде ке имаат можност и гостите-неучесници да гледаат едно несекојдневно возење. Во вечерните часови од 19 часот е предвидено прогласување на најдобрите (од кружното-адреналинско возење). Забавата продолжува до доцните вечерни часови.

За сите присутни на самото место ќе можат дополнително да се снабдат со храна од добрата скара и ладен пијалок, кој ја обезбеди организаторот.

Следниот ден е предвидено приклучување на Турнејата во Демир Хисар (кај Илинска Црква).

DSC_2017

7:30-8:00 часот Пријавување и доделување маици броеви

8:00 часот Старт (сретсело Куратица)

10:00 часот Пауза –Плаќенска планина

12:00 часот Пауза-Илинска црква

13:00-14:00 часот пристигнување кај месноста Тина 1400 мнв , поставување на шаторите за преноќевање

Од 14:00 часот Адреналинско возење на кружна патека и избор на најдобрите

19:00 часот Прогласување на најдобрите и доделување плакети

19:30 часот Продолжување со заедничка забава

Недела 07:00 часот тргнување и приклучување(Илинска црква ) на турнејата во Демир Хисар

Учество : 300 денари

DSC_2036